Иста како татко ѝ: На Иванка Трамп ѝ се гадело од сиромашните, не можела да го сокрие ниту расизмот
Во елитното училиште за девојки на Менгетен, кое го посетувале Иванка и Лисандра, се слушала Нирвана, а должината на здолништето зборувало за популарноста на одредени ученички. Ќерката на Доналд Трамп била забавна и полна со живот, но и арогантна и бескрајно привилегирана.
Новинарката Лисандра Орстром, поранешна пријателка на Иванка Трамп за списанието „Vanity Fari“, раскажа за растењето со познатата наследничка.
Иванка и Лисандра се запознале во елитното училиште за девојки, наречено „Чапин“, со локација на Менхетен, во кое одела и Џеки Кенеди.
Лисандра се присети на 90 - тите години од минатиот век во елитното училиште кое оделе девојките од најбогатите семејства во Њујорк, а во кое Иванка владеела уште од мали нозе. Бидејќи во тоа време било популарно движењето „гранџ“, малите богати девојки ја слушале Нирвана, а косите ги фарбале во сина боја која паѓала по неколку миења. Имало и по некоја девојка која косата ја боела во зелена боја, што значело дека се осмелила да направи нешто забрането. На девојчињата им било дозволено да се возат со такси околу Менхетен и тоа пред да се стемни, па тие често оделе во разни авантура, во училишните униформи, што исто така веднаш покажува кој е повеќе, а кој помалку популарен. Имено, колку било пократко здолништето, толку девојката била популарна.
Лисандра, со која Иванка останала во добри односи и по училиштето сѐ до 2009 година, младата наследничка на претстави како харизматична, забавна, безстрашна и возбудлива, но истовремено и арогантна и разгалена.
Кога во една прилика, во нивните 20 - ти, Лисандра препорачала некоја книга, Иванка ја прашала: „Зошто би читала книга за сиромашни луѓе?“.
Лисандра и нејзината пријателка Иванка често застанувале покрај канцеларијата на нејзиниот татко, Доналд Трамп за да ја позајмат картичката за шопинг. Татко ѝ никогаш не сакал да ја одбие својата миленичка, но знаел да искоментира дека дава многу пари.
На пријателката на својата ќерка не ѝ обрнувал многу внимание, но секојпат ја прашувал дали Иванка е најубава и најпопуларна девојка во училиштето, што очигледно е дека му било многу важно.
Кога Лисандра едваш одговорила дека по убавина Иванка била во топ петте девојки од училиштето, Доналд се изненадил и прашал: „А, кој е поубав од Иванка?“, а потоа и самиот го коментирал изгледот на девојките кои Лисандра ги прогласила за „ривали“ на Иванка.
„Да, таа беше суетна и сакаше да зборува за себе, но исто така беше и лојална, забавна и секогаш подготвена за авантури“, пишува Лисандра, која жали што Иванка не добила можност да ги оствари своите соништа.
Девојките останале во близок контакт дури и кога почнале да ги градат своите кариери, а Лисандра Орстром тврди дека целта на Иванка била да постигне многу одмерен, пристоен и елегантен бренд, за разлика од оној кој го негува нејзиниот поприлично гласен татко, склон кон расистички и сексистички испади.
Новинарката Лисандра била и деверуша на свадбата на Иванка со Џеред Кушнер, а набргу потоа пријателството го прекинале поради различните ставови на двете девојки кои некогаш танцувале со часови на гласот на Курт Кобејн зад ѕидовите на елитното училиште.
Откако Лисандра започнала да го носи ѓерданот на кој го пишувало нејзиното име на арапски јазик, Иванка не можела да го сокрие незадоволството: „Како спиеш со своето момче додека го носиш тоа? Тоа вреска - терорист!“, ѝ зборувала Иванка, а тоа бил само еден од инцидентите што довеле до прекинување на пријателството.
Всушност, немало некоја голема кавга, бидејќи кога Лисандра го родила синот, Иванка ѝ испратила златка белегзија на која било врежано неговото име, но тие никогаш не биле блиски како порано.
„Никогаш не беше груба кон мене, но тоа беше крајот“, напиша Лисандра, која не го крие разочарувањето што нејзината поранешна најдобра пријателка тргнала по стапките на својот татко.