Истетовирана мајка објави видео со ќерката, па се соочи со критики: „Ти си лош пример за своето дете“

Истетовирана мајка објави видео со ќерката, па се соочи со критики: „Ти си лош пример за своето дете“

Објавена во: Совети // Семејство

Видеото од девојчето кое се топи во прегратките на мајката ги подели корисниците на ТикТок само поради едно нешто...

Кога насмеана, среќа и весела мајка ќе го прегрне своето дете и ќе му запее нешто, па тоа видео ќе го сподели на социјалните мрежи, позитивните коментари само се редат.

Но, кога истото тоа ќе го направи мајка која е истетовирана, на сцена настапуваат хејтерите кои „фрлаат и дрвја и камења“ по мајката, поставувајќи го прашањето дали таа е воопшто способна да се грижи за своето дете.

Токму тоа ѝ се случи на Британката која на ТикТок се претставува како @tonnyformdonny695.

Таа привлекува големо внимание, бидејќи го има истетовирано целото тело, дури и лице, поради што трпи многу критики и навреди.

Ви краткото видео оваа мајка вели:

„Не можеш да бидеш мајка ако си истетовирана... Погледнете ја мојата ќерка“.

@tonnyfromdonny695 #fyp som original - Do You Love Acapella?

И додека некои нејзини следбеници не се откажуваат од критиките, тврдејќи дека е „лош пример за своето дете“, има и такви кои не знак еднакво помеѓу физичкиот изглед и посветениот родител.

„Само напред! Сигурна сум дек твојата ќерка те сака таква каква што си!“, „Двете сте преубави. Не обрнувајте внимание на хејтерите, тие не ги сакаат луѓето кои ги кршат стереотипите.“, „Никогаш нема да разбирам зошто некои луѓе ги осудуваат другите. Сѐ додека сте среќни, не би требало да ви биде важно што другите зборуваат и пишуваат.“ - се само дел од коментирате во кои ѝ се дава апсолутна поддршка на оваа мајка.

фото: Принтскрин / ТикТок

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: