Иван Бакјарев повеќе од 40 години ја сакаше својата Микица: Еве како зборуваше за својата сопруга

Иван Бакјарев повеќе од 40 години ја сакаше својата Микица: Еве како зборуваше за својата сопруга

Објавена во: Живот // Живот

Иван Бекјарев почина во 75 - тата година од животот. Важеше за еден од најдобрите српски и југословенски актери на сите времиња. Беше фамилијарен човек, а повеќе од 40 години ја сакаше својата сопруга Микица.

„Сеедно е дали сте маж или жена, доколку тргнете од тоа дека семејството е основа на секое општество и решите да влезете во брак, тогаш ќе ви биде полесно да поминете толку години со иста личност. Најлесно е да се разведете, но треба да го чувате и негувате бракот, особено откако ќе добиете потомство. Меѓутоа, денешните девојки ги менуваат момчињата на неделно ниво, па не е ни чудно што кога ќе влезат во брак не може да се ослободат од таа навика и што доаѓа до голем број разводи“ - рече Бекјарев своевремено за магазинот „Hello“.

На прашањето по што неговата се разликува од останатите жени, тој одговори:

„Нема тука голема филозофија, некој ви одговара или не ви одговара. Кога ќе се најдеш со некој тогаш е потполно природно да размислувате за брак и за тоа да го поминете животот заедно“ - наведе тој за истиот весник.

Бакјарев потоа објасни како неговата сопруга се носела со неговата популарност.

„Тоа не е ми беше лесно ни мене, а особено беше тешко за неа. Меѓутоа, имам среќа што мојата сопруга многу брзо сфати дека тоа се само вести кои ги продаваат весниците и дека не треба да им се придава внимание. Па така, често се случува невистините кои ги пишуваат јас да ги поднесам потешко, отколку таа. Многу често имаше случаи во кои таа ме тешеше кога некој ќе објави некоја глупост, која е составен ден од мојата работа, а поради кои често патам“ - наведе Иван.

Тој имаше само пофални зборови за својата сопруга:

„Мојата жена е љубоморна во онаа нормална доза кога некој се сака. Ништо претерано. Довербата и желбата за основање на семејство се нешто што го одржува бракот, па таков беше случајот и со нас.“


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: