Ивана е едно од најчестите женски имиња во Македонија: Многумина не знаат дека има преубаво значење

Ивана е едно од најчестите женски имиња во Македонија: Многумина не знаат дека има преубаво значење

Објавена во: Совети // Семејство

Женското име Ивана е едно од најчестите во Македонија и има преубаво значење...

Женското име Ивана е многу често во Македонија, а тоа го потврдуваат и податоците од Државниот завод за статистика, каде стои дека во нашата држава има дури 7878 лица кои го носат ова име. Друг факт е тоа што сме сигурни дека секој еден од вас, знае барем една личност која го носи ова име.

Името Ивана е дојдено преку грчката и латинската верзија, во кои пак е дојдено од хебрејската „Johanan“ („Jehohanan“), кое се состои од „Jahveh“ (што значи „Бог“) и „hanan“ (што значи „милостив“).

Споменатото име Ивана, исто така се среќава во грчкиот јазик и е изведенка од машките имиња „Ioan“ или „Ioannes“, а претставува име на голем број светци и апостоли од Библијата, па оттука е и многу популарно име во христијанската вера.

Во превод од античкиот хебрејски или од старогрчкиот јазик, женското име Ивана го има истото значење како и машкото име (од кое е изведено), и се преведува како „личност која е испратена до Бога“, „Божја миленичка“, „жена без грев“, „благородна“, „чесна“, „жена која е дарежлива и љубезна“...


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: