Ивана Николиќ направи драстична промена: Згодната „Ураганка“ со најголемата трансформација досега
Ивана од „Хјурикејн“ сосема го промени својот имиџ и својата коса ја офарба во огнено црвена боја...
Ивана Николиќ од групата „Хјурикејн“ во последно време експериментира многу со бојата на коса, па откако неодамна својата препознатлива руса коса ја офарба во кафена, сега повторно ја промени фризурата и ги изненади сите со храбрата промена.
Ивана од кафена премина на огнено црвена боја, а многумина се изненадија од нејзината промена. Ивана за ова се пофали и на својот Инстаграм, а многумина искоментираа дека потсетува на Ксенија Пајчин.
Најзгодната „Ураганка“ како што инаку ја викаат сите, вчера со колешките Ксенија и Сања беше гостинка во „Амиџи шоу“, каде ја искоментира накратко новата промената.
„Епа, морам да поздравам еден голем уметник, долго работеше со Ксенија Пајчин, па доби инспирација сега да го направи ова“ - истакна Ивана.
Оваа промена изненади многумина, а некои искоментираа дека не им се допаѓа.