Ивона Јо потсети како изгледала пред 10 месеци: Сподели видео кое сигурно ќе ве инспирира

Ивона Јо потсети како изгледала пред 10 месеци: Сподели видео кое сигурно ќе ве инспирира

Објавена во: Мода // Moj стил

Инспирација во комплетна смисла на зборот...

Пред 10 месеци, поточно во август минатата година, Ивона Јовановиќ од Куманово, позната како Ивона Јо, се одлучи за интервенција во Турција со која ѝ беше направено кратење на желудникот.

Пејачката со исклучителни вокални способности која долго време јавно зборуваше за нејзината прекумерена тежина и тоа го истакнуваше и на социјалните мрежи, сега, 10 месеци подоцна сподели интересно видео во кое ги покажа воочливите разлики.

Имено, на видеото кое може да го најдете на нејзиниот Инстаграм профил, може да видите како изгледала пејачката веднаш по операцијата, но и како изгледа денес, откако ослабна повеќе од 60 килограми.

„Сакам вака да го прославам десетиот месец постоперативно. И да кажам. Ти благодарам Боже!“ - напиша познатата кумановка покрај инспиративното видео.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: