Избрани 6-те пејачи кои ќе се натпреваруваат за претставник на Евровизија 2022: За кој ќе гласате вие?

Избрани 6-те пејачи кои ќе се натпреваруваат за претставник на Евровизија 2022: За кој ќе гласате вие?

Објавена во: Stars // Музика

Годинава претставникот на Евровизија 2022 ќе се избира по пат на гласање - онлајн и од стручно жири, а одбрани се шест изведувачи кои се пријавиле на конкурсот.

- Селектирани се песните кои ќе се натпреваруваат во Националниот избор за песна и претставник на Македонија за Евровизија 2022 - објавија од официјалниот профил на Eurovision Macedonia.

 Избраните шест композиции, современи и оригинални авторски дела, за кои комисијата смета дека секоја од нив ги исполнува очекуваните критериуми за учество и претставување на МРТ и земјата на најпрестижната европска музичка манифестација - Евросонг, се следните:

1. Изведувач: Kalina Velkovska

Наслов на композиција: „LOVE AND LIGHT“

Автор на музика: Давор Јордановски

Автор на текст: Весна Малинова

Аранжман: Никола Васков - Нино, Давор Јордановски, Петар Луќиќ

2. Изведувач: Yon Idy

Наслов на композиција: „DREAMS”

Автор на музика и текст: Yon Idy

Аранжман: Ангел Ќосев, Yon Idy

3. Изведувач: Lara Ivanova

Наслов на композиција: „FLOWER OF SORROW”

Автор на музика: Роберт Билбилов

Автор на текст: Робин Зимбаков

Аранжман: Роберт Билбилов и Дарко Димитров

4. Изведувач: Viktor Apostolovski

Наслов на композиција: „SUPERMAN“

Автор на музика: Владимир Дојчиновски

Автор на текст: Владимир Дојчиновски и Виктор Апостоловски

Аранжман: Владимир Дојчиновски

5. Изведувач: Andrea Koevska

Наслов на композиција: „CIRCLES"

Автор на музика: Александар Масевски

Автор на текст: Александар Масевски и Андреа Коевска

Аранжман: Александар Масевски

6. Изведувач: Ris Flower

Наслов на композиција: „FLYING TO BERLIN"

Автор на музика: Борис Цветановски - Ris Flower

Автор на текст: Борис Цветановски - Ris Flower

Аранжман: Мустафа Џанбазлар

Согласно Правилникот, за избраните 6 композиции, МРТ ќе изработи лирик видеа кои ќе бидат поставени на онлајн платформа за гласање на јавноста.

Песните ќе и бидат презентирани на јавноста на 28.01.2022 (петок) во емисијата Стисни Плеј на МТВ, со почеток од 22 часот, кога ќе започне и онлајн гласањето. 

Платформата за гласање ќе биде отворена 7 дена, односно до 04.02.2022 година. Победникот ќе се добие по пат на онлајн гласање, како и според гласањето на меѓународното стручно жири во сооднос 50%:50% - соопштија од таму.





Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: