„Избриши го тоа“: Кајли Џенер незадоволна од фотката која ја објави Ким
Кајли Џенер одамна ја бие глас дека има направено многу операции, па не беше претерано среќна што Ким Кардашијан на својот Инстаграм профил сподели фотографија од 2009 година. На неа се Ким, Клое, Кајли и Кендал и воопшто не е тешко да се забележи колку некои од нив се промениле.
Тоа најмногу се однесува на Кајли и Клое за кои е видливо дека имале многу интервенции на своето лице, додека Ким има сосема поинаков имиџ. Единствено за Кендал може да се каже дека ништо не поправила на себе, а природната убавина и донесе статус на најплатена манекенка во светот. Секако, ваквите фотографии секогаш стартуваат дебата, но Кајли барем беше духовита, а како што пренесува DailyMail, во коментар напишала само: „Избриши го тоа“. Ким на ова ѝ одговори: „Да те исечам од фотографијата?“, а Кајли на ова одговори со „Апсолутно“.