Издание од црвениот килим од кое денес многу се срами: Познатата ТикТокерка откри за кое издание станува збор
Според нејзиното мислење ова ѝ е најголемо промашување...
Сите познати личности имаат некои комбинации кои со задоволство би заборавиле дека ги носеле на црвенит килим. Лорен откри која нејзина комбинација е една од оние од кои посебно се срами и дека со задоволство би ѝ дала чиста нула.
Сигурно и ти имаш некоја модна комбинација која си ја носела на некоја свеченост, а која кога ќе ја видиш денес ти се темни пред очи. Не можеш да веруваш дека тоа навистина си го облекла и си мислела дека изгледаш добро. Истото им се случува и на познатите личност. Кај нив е само уште полошо, бидејќи фотографиите остануваат на Интернет и може засекогаш да ги прогонуваат.
Познатата ТикТокерка Лорен Греј ја сподели комбинацијата за која смета дека ѝ е најголемо модно промашување кое некогаш го носела на црвениот килим. Станува збор за фустан - кошула, проѕирна јакна и црвени високи потпетици.
Комбинацијата навистина е апсолутен хаос и разбираме зошто смета дека е најлошото нешто што го облекла за црвениот килим, но во нејзина одбрана е тоа што тогаш била многу млада. Станала популарна уште на 13 години, а ова е една од комбинациите од тој период. Секако дека тогаш не се облекувала како денес, а и модата била поразлична.
Лорен дене сима развиено свој сопствен стил и сега најчесто може да ја видиме во атрактивни изданија, како ова во продолжение: