Изгасен е јутјуб каналот на Бака Прасе? Сè се случи утрово, сите чекаат да се огласи јутјуберот
Чекаме да се огласи Бака за да бидеме сигурни што се случило...
Јутјуб каналот на Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, утрово беше изгасен.
Вербалниот конфликт кој со недели наназад го имаат првиот човек на телевизијата „Пинк“, Жељко Митровиќ и јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, направи хаос во јавноста.
Луѓето се поделија на две страни, а медиумите секојдневно известуваат за сè што се случува, а сега забележивме дека Јутјуб каналот на Бака Прасе го нема, што значи дека е изгасен.
Чекаме да се огласи и Бака за да бидеме сигурни што се случило.
За потсетување, тие двајца преку Инстаграм се договорија да одат на полиграф за да се дознае кој ја зборува вистината.
Митровиќ го повика јујтуберот на полиграф, за што тој се согласи. Богдан на својот профили објави текст и напиша:
„Договорено, јави се кое време ти одговара во четврток“ - пишуваше на фотографијата, додека во описот Жељко ги повика и органите на власта да се вклучат во овој случај:
„Бака Прасе прифати, мој предлог, сите заедно, доброволно да одиме на полиграф, јас ги прифатив неговите услови, ги молам обвинителството и полицијата да ни го организираат ова и да бидат присутни. Се гледаме во четврток“ - напиша потоа Митровиќ.
фото: Принтскрин / Јујтјуб