Изглед на денот: Антониа Гиговска нереално убава - како Барбика

Изглед на денот: Антониа Гиговска нереално убава - како Барбика

Објавена во: Мода // Moj стил

Пејачката Антониа Гиговска изгледа како вистинска Барбика во едно од последните нејзини изданија.

Антониа периодов активно работи на подготовка на нејзиниот прв албум кој, како што веќе откри, ќе биде насловен „2001“, која инаку е годината на нејзиното раѓање.

На Инстаграм таа сподели неколку фотографии од нејзината шминка најверојатно за некој од спотовите или фотосесиите кои ги подготвува поврзано со албумот и навистина можеме да кажеме дека изгледа како Барбика.

Нејзините очи се визуелно зголеми со шминка, односно со бело моливче и најновиот и најпопуларен тренд - графички „ајлајнер“. На усните има нежно розе сјај и сето тоа заедно со нејзината долга руса коса прави да изгледа нереално убаво.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: