Изгледа дека вакцината против корона може да влијае на твојата менструација: Последица која е добро да се знае
Не треба да се загрижуваш...
Вакцините против корона вирусот веќе некое време не се само за повозрасната популација, туку и сè повеќе млади се одлучуваат да се вакцинираат, како во светот, така и во кај нас. Затоа е добро да се знае како тоа може да влијае на тебе. Постојат неколку работи кои може да се случат со менструацијата по ванцинирањето.
Ништо не е страшно и не остава трајни последници, но доколку се вакцинираш, можно е менструацијата да ти стане малку нередовна. Доколку менструацијата ти доцни и неколку дена, започнува паниката, а особено доколку тоа е повеќе од неколку дена и тоа кај оние на кои скоро никогаш не им доцни. Со оглед на тоа дека вакцинирањето е сè помасовно и дека поголем број на луѓе се одлучуваат на него, ова е информација која би можела да ти затреба. Пронајдена е врска помеѓу вакцинирањето против корона и менструалниот циклус. Стресот кој се става врз телото со вакцинацијата може да влијае на менструацијата.
Заедно со другите последници што можеш да ги почувствува ден или два по вакцинацијата, ова е уште една од нив. Една американска професорка од Универзитетот во Илиноис објави дека забележала промена и кај себе. Менструацијата ѝ дошла многу порано од вообичаено и ја изненадила, а освен тоа, била и многу пообилна од вообичаено. Во разговор со другите, открила дека и други девојки имале слично искуство. На некои менструацијата им доаѓала порано и ги изненадувала, а на други пак им доцнела. Освен тоа, обилното крварење и појавата на посилни болки во стомакот се уште некои од можните последици, како и топлотните удари.
Лекарите објаснија дека ова може да биде ефект од самата вакцина или реакција на имунолошкиот систем по вакцината. Во секој случај, тоа не е нешто за што треба да се грижите ако забележите дека ви се случило по вакцинацијата. Бидејќи вакцините, не само оваа, го „принудуваат“ имунолошкиот систем да работи понапорно, а тоа може да има влијание врз менструацијата.
Извор: teen385.dnevnik.hr