Изгледа како да навлекла на себе џиновска хулахопка: Канје Вест и неговата сопруга се појавија во најбизарно издание до сега
Во 2019 година, Канје Вест ја основа американската
евангелска група Sunday Service, и оттогаш церемониите се одржуваат секоја
недела. Неговите деца често ја посетуваат неделната богослужба, а викендов му
се придружи и неговата нова сопруга Бјанка. Папараците го „уловиле“ оваа пар додека доаѓал на служба, а глетката во
најмала рака била бизарна!
Имено, сите членови на хорот, носеа долги бели фустани слични на мантии со импровизирани бели капи кои наликуваат на оние од познатата научно-фантастична серија „The Handmaid's Tale“. Меѓу членовите на хорот биле и децата на Канје, всушност целата група била предводена од петгодишниот Чикаго и четиригодишниот Псалм.
Да потсетиме дека Канје имаше четири деца во бракот со Ким Кардашијан; Покрај гореспоменатите Чикаго и Псалм, двојката ги има и ќерката Норт (9) и синот Сент (7). Тие се разделија во 2021 година, а раперот многу тешко го поднесе разводот.
Музичарот претходно изјави дека овие служби му даваат сила и буквално му го спасиле животот.
И ако мислевте дека облеката што ја носеа децата на Канје и остатокот од групата за таа пригода се шокантни, почекајте - тоа е само почеток на бизарното!
Имено, и самиот Кање се појави во подеднакво изненадувачки аутфит, а не заостануваше и неговата избраничка.
Вест носеше тесни, црни хеланки и обувки што е тешко да се именуваат, а покрај тоа, тој носеше црна маица кои рагбистите ја носат за време на натпреварите. Бјанка прошета во уште понедефинирана облека избирајќи црн, тесен фустан над кој изгледаше како да навлекла огромна црна хулахопка.
Фото: Instagram/profymedia/night_time_accra/screenshot