Изгледа како трговски центар: Ѕирнете во огромниот плакар на Кајли Џенер (ВИДЕО)
Врз основа на нејзината разноликост во гардероба и чанти, може да се претпостави дека Кајли Џенер има прилично полн плакар . И вистина е, ријалити ѕвездата ги потврди тие сомнежи во неодамнешното видео на TikTok.
Имено, во видеото објавено во саботата вечерта, Кајли објасни дека има намера да сними целосно видео „Подгответе се со мене“ за своите следбеници. Сепак, дошло до технички потешкотии и наместо тоа, таа објави видеото на кое се гледа како одлучува која чанта да ја носи. „Вознемирена сум, затоа што го снимив целото подготвување за вас и го изгубив“, рече таа и продолжи: „Па сега сум облечена... и можете да ми помогнете да изберам чанта“.
Откако се одлучи за чанта, Кајли позира пред друг дел од плакарот, а зад неа има што да се види. Земајќи го својот фотоапарат со себе додека се подготвуваше да ја напушти собата/минијатурниот трговски центар, таа на следбениците им го покажа своето катче со очила за сонце, кои во основа изгледаат како киоск во трговски центар, комплет со огледало.
ВИДЕО:
@kyliejenner original sound - Kylie Jenner