Изгледа прилично неудобно: Фустанот на Зендаја за кој не престанува да се зборува

Изгледа прилично неудобно: Фустанот на Зендаја за кој не престанува да се зборува

Објавена во: Мода // Moj стил

Еден детаљ е навистина посебен!

Зендаја само реди модни успеси. Каде и да се појави, на било кој настан, е во центарот на вниманието, бидејќи успева многу добро да ја погоди модната комбинација, што е невозможно да не се зборува за неа. И сега имаше фустан кој е многу интересен.

Дали ти би носела нешто што е многу неудобно, но да знаеш дека ќе изгледаш добро и ќе ти стои одлично? Зендаја го направи токму тоа. Сите се воодушевени, бидејќи оваа млада актерка не се плаши од експериментирање и на црвениот килим се појави во најлудата можна модна комбинација. За нејзиниот фустани се зборува со денови, а овој остави ист ефект. Од предната страна фустанот не е ништо посебно - елегантен и гламурозен, но кога ќе се сврти...

Зендаја и Том Холанд се појавија на доделувањето на најпрестижните фудбалски награди „Ballon d'Or“ и го украдоа светлото на рефлекторите, пишува „Metro“. Свилениот фустан кој го носеше актерката не можеше да помине незабележан. Детаљот кој го има на грбот е посебен, но сигурно и екстра неудобен. Има две, изгледа дека змии, чии тела се испреплетени и изгледаат како 'рбет и секако, сѐ е метално. Изгледа како модел на фустан кој ќе ѝ остави „потсетник“ на грбот на неколку дена, но се исплати.

Сигурно не ѝ било удобно да ја помине вечерта со метална конструкција на грбот, но дека изгледаше апсолутно совршено, тоа не можеме да го поречеме. Зендаја е една од оние познати личности која не си дозволува модни грешки и ова е само еден од доказите дека е апсолутна модна кралица.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: