Изгледај беспрекорно и во студените денови: Најдобри фризури за под зимска капа
Колку и да ја сакате зимата и сите радости кои одат со неа, постојат и многу проблеми кои ги носи зимскиот период.
Покрај сувата и испукана кожа на лицето и рацете, се соочуваме и со проблеми со косата. Покрај тоа што косата ни е сува и оптетена во зина, под капа, која е неопходна кога е ладно, таа губи својот волумен, се сплескува и побрзо се мрси.
За прва помош, може да ти послужат шампоните за суво миење, бејби пудра или лак за коса, кој донекаде ќе ја одржи фризурата на „свое место“.
Но, доколку и ти се мачиш со откривање на идеалната фризура за во зимо, во видеото во продолжение, погледни ги предлозите за како да ја направиш косата, која ќе ти изгледа беспрекорно под капа, но и откако ќе ја извадиш капата.