Изјавите на аутистично 8 - годишно момче станаа уметност: Со тебе немам чувство дека е сѐ затворено
Вуди е 8 - годишно момче од Англија кое отсекогаш бил добар со зборовите. Уште како 2 - годишник цитирал цели реченици од своите омилени книги, а сега неговиот татко низ уметноста, цитатите на својот син ги сподели со светот...
На Вуди аутизмот му бил дијагностициран кога имал само три години, но неговите родители, Сони и Шарлот, уште порано забележале дека нивниот син е посебен.
„Кога имаше две години одеше низ дома и од збор до збор ги цитираше сликовниците кои само што ги имаше прочитано и тоа само еднаш. Отсекогаш беше добар со зборовите“ - рече неговата мајка Шарлот.
Поради аутизмот понекогаш премногу се фиксира на некои работи и нив мора да ги сфати на свој начин.
Тој за време на целосното заклучување поради пандемијата имал многу што да каже за вирусот, а неговиот татко неговите цитати одлучи да ги претвори во уметност, така што од нив изработува мали постери и честитки. Приходот од продажбата го дава во добротворна организација која им помага на децата со аутизам.
Семејството било позитивно на Ковид - 19 и поради тоа Вуди бил многу вознемирен.
„Тие симпатични реченици се негов начин како да се бори со стравот и фрустрацијата поради целата ситуација“ - рече Шарлот.
Кога го прашаа што мисли за целата ситуација со короната, Вуди покажа дека не го губи оптимизмот.
„Тоа е малку лошо и малку добро во исто време, но верувам дека наскоро ќе го пребродиме сево ова“ - кажа тој за Би-Би-Си.
„Не сакам да се врати нормалнота, сакам да се врати на подобро.“
„Зошто Ковидот мораше да ја одбере оваа планета?“
„Со тебе никогаш нема чувство дека е сѐ затворено.“
„Никогаш нема да останам без прегратки за тебе.“
„Заклучувањето го уништи прегрнувањето. Лол.“