Изненадување во рингот: Непоразениот шампион во бокс Флојд Мејведер не сонуваше како ќе заврши мечот со Јутјуб ѕвездата
Дуелот меѓу боксер кој нема загубено ниту еден професионален натпревар од дури 50 во кои учествувал и, од друга страна, Јутјуб сензацијата, за чудо - не заврши со нокаут.
Флојд Мејведер и Логан Пол „ремизираа“ во дуел кој собра неколку големи спортски sвезди во Мајами (Иван Холифилд, Пол Пирс и многу други) и милиони луѓе ширум планетата, пред екраните и мониторите.
Познатиот шампион, сега 44 - годишник во пензија, се насмевна кога Јутјуберот се закани дека ќе го удри, но - „возраста“, но и одличната подготовка за Пол, па дури и неговата предност во тежината (15 килограми) и висината (188 см наспроти 173) , Мејведер брзо сфати дека нема да биде „многу лесен“ меч.
Floyd making it look easy #MayweatherPaul
— Bleacher Report (@BleacherReport) June 7, 2021
(via @ShowtimeBoxing)pic.twitter.com/Px6sq2s7bd
На натпревар во кој се предвидуваше да заврши со нокаут, или, ако тоа не се случи, сите едноставно „ќе си одат дома“ без пораз (немаше прегласување од судијата), момчето кое собра повеќе од 20 милиони следбеници на Јутјуб се покажа како доста тежок ривал.
Флојд Мејведер, кој важеше за еден од најголемите светски боксери на крајот на 20-от и почетокот на 21-от век, беше шампион во пет категории. На крајот му пријде на ривалот и му честиташе за борбата, но и за издржливоста.
фото: TANJUG/AP