Изработен од најубаво злато: Цеца за роденден на Анастасија и купила подарок вреден 20.000 евра

Изработен од најубаво злато: Цеца за роденден на Анастасија и купила подарок вреден 20.000 евра

Објавена во: Совети // Семејство

Не секој ден се слави 25-ти роденден, а Цеца ја израдува својата ќерка со парче накит во кој сите ќе гледаат каде и да се појави.

Цеца сака да подарува, особено кога се во прашање нејзините деца и внуци. Тогаш не прашува колку чини тоа што имала намера да го купи, а тоа го покажала и сега, кога ја израдувала својата сакана Анастасија Гудељ со скап подарок.

Имено, како роденденски подарок за 25. роденден, Анастасија од мајка си добила луксузен часовник „Ролекс“, кој вреди, според локалните медиуми, вртоглави 20.000 евра.

-Иако го има од мај, дури неодамна почна да го носи во јавност, најчесто во друштво на сопругот Немања Гудељ. Сите нејзини пријатели се воодушевиле кога ја виделе со тој часовник на раката и ја прашале од каде го добила. Таша се пофалила дека го добила од мајка и и дека многу и се допаѓа.


Како што се наведува понатаму, подарокот на Цеца бил од бело и жолто злато.

- Сите знаат дека Цеца не штеди пари кога се во прашање нејзините деца. Уште во нивното детство, таа кај Вељка и Анастасија го всадила ставот дека материјалните работи не се толку важни колку љубовта и среќата на семејството, но како и секој родител сака да им купува скапи подароци. Цеца одамна не и купила нешто толку скапо и сакала да ја израдува за роденденот - вели добро упатен извор.

-Тој модел е од луксузна линија која има посебен механизам. Изработен е од 18-каратно злато, има заштита од гребнатини, водоотпорен е, а самиот механизам е еден од најдобрите направени од оваа швајцарска компанија - вели изворот.

Фото:Инстаграм
Извор: glossy.espreso.co.rs


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: