Ја има гледано 14 пати: Која е омилената серија на Били Ајлиш?

Ја има гледано 14 пати: Која е омилената серија на Били Ајлиш?

Објавена во: Stars // Филм

И Били е во клубот на зависници од серии, а оваа е нејзината омилена...

Дали некоја серија ти е толку добра што би ја гледал/а неколку пати? Неколку пати може, но 14 пати?! Толку многу пати не би успеале да ја гледаме ниту култната „Пријатели“.

Серијата која толку ја освои Били Ајлиш е „The Office“. Оваа серија отсекогаш била популарна, во последно време сите зборуваат за неа повеќе отколку вообичаено, сцените се претворени во мемиња, едноставно невозможно е да се одмине. Колку е добра открива и фактот што оваа 18 - годишна пејачка ја гледала неколку пати. Гостуваше во подкастот „An Oral History of The Office“, а ја допреа и нејзината песна „My Strange Addiction“ во која е звукот од серијата. И тука Били откри дека иако серијата има 9 сезони, дека целата ја има гледано веќе „неколку“ пати, односно 14 пати. Вистинска ситница.

Првпат ја гледала на 12 години, а секој пат кога ќе ја гледа, некои други работи и стануваат појасни. И поради тоа никогаш не и е здодевно да ја гледа одново, а помага и тоа што серијата е супер забавна. 


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: