Ја имаше најслатката придружба: Со кој се појави Селена Гомез на доделувањето на наградите „Golden Globes“? (ФОТО)
Колку слатко...
Вчера се одржа филмското доделување на наградите „Golden Globes“. На манифестацијата се појавија голем број филмски ѕвезди, како Бред Пит, Ања Тејлор Џој и Џена Ортега. Вистинска комбинација на старите актери и оние младите чие време допрва доаѓа.
Вчера се одржа големото доделување на филмските награди - „Golden Globes“. На неа се собираат некои од најголемите актерски имиња. Иако не станува збор за Оскарите, сепак и оваа награда е важна. Имаше многу познати лица кои се прошетаа на црвениот килим и изгледаа неверојатно. На нас во око ни падна Селена. Таа изгледаше прекрасно на црвениот килим, а се гледаше и по неа дека е навистина среќна.
Со оглед на тоа што е помалку активна во музичката кариера, а сѐ повеќе на филмското платно, не е големо изненадување тоа што се појави и на ова големо доделување на награди. Изгледаше елегантно и како вистинска филмска дива.
Она што особено нѐ разнежни беше нејзината придружба! Додека другите доаѓаа во пар со момчето или девојката, Селена на црвениот килим ја прошета својата помлада сестра. Грејси Тифи е сестра на Селена, а иако има само 9 години, изгледаше многу гламурозно. Вистинска мала дива! Селена често објавува видеа на ТикТок со неа, но и фотографии на Инстаграм. Грејси во златниот фустан и светкавите чевли на потпетица изгледаше прекрасно.
фото: Принтскрин / Инстаграм