Ја изгубив невиноста: Камила Кабелјо драстично го промени изгледот
Камила Кабелјо е „современа девојка“ која никогаш не прави промени и не сака да експериментира, бидејќи промените не се нешто по кое е препознатлива. Сепак, промените се здрави и многу важни, а тоа конечно го сфати и Камила, па на социјалните мрежи сподели дека драснично го променила својот изглед, односно дека првпат во животот навистина ја скратила косата по повеќе од 20 години.
Камила со новиот изглед дебатираше на Инстаграм, па сподели слатка фотографија на која нема ниту трага од нејзината предолга коса - сега ѝ е до рамена! За неа ова е невообичаено, па таа се пошегува и вели дека ја „изгубила невиноста“.
„Ја изгубив невиноста наречена кратка коса, долга коса имав цел живот, конечно е време да го почувствувам воздухот на моите рамена“ - се пошегува Камила, бидејќи од косата не оспеваше доволно да ги „открие“ рамената. Секако ја фотографираше Шон Мендес, а затоа го означи и него.
Велат дека жените во животот ја менуваат фризурата кога отвараат ново поглавје во животот, но кај неа нема разделба или нешто слично на видик. Камила и понатаму е среќна во врската со Шон, па тие двајца споделија преслатка заедничка фотографија на која се прегрнати.