Ја користат нејзината болест за да ја саботираат: Грета боледува од Аспергеровиот синдром
Грета Тунберг е дефинитивно името кое најмногу се спомнуваше во последните денови.
Многумина беа воодушевени со храброто девојче кое се прослави со училишниот штрајк за климата, но и со својот говор и јавните настапи кога допре до многу срца, како никој досега.
Сето тоа го успеа и покрај тоа што има Аспергеров синдром кој и е откриен доцна.
Имено, на Грета и е дијагностициран Аспергеровиот синдром и опсесивно - комплусивно нарушување на 11 - годишна возраст, после неколку години депресија, нарушување во исхраната и напади на анксиозност, односно кога престанала да јаде цели два месеци. Освен тоа, пати и од селективен мутизам, пореметување поврзнао со анксиозноста. Поради тоа Грета можела да разговара само со членовите на потесното семејство, додека комуникацијата со непознати едноставно била невозможна. Тоа сепак не ја спречило, а ни сопрело да стане икона на глобалниот проект за борба против климатските промени.
Сепак конзервативците кои сметаат дека тоа е непримерно не и простуваат. Тие велат дека е срамно и језиво 16 - годишната девојка со Аспергеров синдром, што се рефлектира во нејзината мимика, интонацијата и нејзиниот изглед, да држи бесни морални говори на светот.
Грета самата наведува дека без Аспергеровиот синдром не би ја ни забележала климата. „Сите други го погледнале истото што и јас, истите филмови и истите фотографии, уништувањето на природата и се што се случува со климата, но на никој не му се превртел животот како на мене. Не разбирам како некој може да каже: 'Да, климатската промена е важна' и ни што да не прави по тоа прашање. Доколку знаеш дека тоа се случува, тогаш знаеш дека мора и да напраивш нешто“ - рече Грета.
Имено, децата со Аспергеровиот синдром покажуваат многу малку изрази на лицето, освен лутина и жалење. Многу од овие деца имаат неверојатна меморија и музички таленти, па ги интересира едно или две подрачја. Можат многу да разговараат за омилените работи или да повторуваат збор или фраза безброј пати.