Тинејџери кои се борат за спас на Земјата: Некои се номинирани за Нобелова награда
Климатската криза се провлекува низ сите пори на медиумската култура, но и низ политичките говори. Поради климатските промени за време на летото има неверојатни топлини, а ќе биде и уште полошо. Младите се сѐ поактивни на ова поле, што ги прави светлото на иднинината на младните генерации.
Генерацијата З се погрижи да има свои претставници во оваа огромна задача, а тоа е - спасот на планетата од идното уништување. Во продолжение погледнете ја листата на младите активнисти и нивните говори.
# Грета Тунберг - 16 години
Тинејџерската климатска активистка Грета Тунберг во понеделникот го отвори самитот на Обединетите нации за климата, осудувајќи го светските лидери дека пропуштиле да преземат мерки за борба против климатските промени, бесно им се обрати со зборовите: „како се осмелувате“, пренесува Reuters. „Не би требало да сум овде, туку во училиште на другата страна од океанот, но сите вие доаѓате кај младите и ни барате надеж. Како се осмелувате? Ги украдовте моите соништа и моето детство со празни зборови“, кажа Тунгерг, видливо емотивна и потресена. Таа е номинирана за нобелова награда на мир поради својата борба против климатските промени.
# Кејти Едер - 19 години
Кејти е извршна директорка на организацијата Future Coalition, најголемата мрежа на млади во САД, која веќе организараше два протести за климатските промени на само 19 години. Едер на TeenVogue рече дека нејзиното активирање започнало уште во 6 одделение, откако го погледнала 'An Inconvenient Truth', документарниот филм од 2006 година кој се темели на предавањато на американскиот политичар Ала Гореа за глобалното затоплување и климатските промени.
# Џејми Марголин - 17 години
„Како млада личност, секогаш мислев дека мојот план за иднината ќе биде очекуван. Како може да ја планирам иднината кога нашите лидери не го прават истото и ги остваат следните генерации во планета во која нема да може да живеат?“ - се запраша 17 - годишната Џејми Марголин, инаку ко - основач и ко -директор на Zero Hour, движење кое задолжено за тоа да го даде гласот на генеразијата З во врска со климатските промени. Откако го основала движењето во 2017 година, организирала неколку протести, лобирања и слично.
# Наида Назар - 17 година
Надиа исто така е ко - основач и еден од директорите, како и креативна директорка на Zero Hour. За неа животните биле првите кои ја инспирирале за борба против климатските промени. „Кога дознав дека некои врсти изумираат поради климатските промени, знаев дека морам нешто да преземам“ - кажа Назар за Teen Vogue. Откако помогнала да се организира Штрајкот на младите за климата во Вашингтон оваа година, Назар станала една до главните во Мериленд која го води движењето против климатските промени.
# Исра Хирси - 16 години
Со длабока желба да го промени светот, Исра првично се запознала со климатските промени во средно училиште, кога можела да научи повеќе за планетата и околината. Тогаш се придружила на пријателката Хавен Колман и заедно со неа го основале US Youth Climate Strike, движење на младите чија прва демонстрација собрала илјадници луѓе.
# Александрија Виласењор - 14 година
Со само 14 години, Александрија Виласењор веќе покажала како треба да се бориме со климатските промени. Позната е по својот индивидуален протест во петокот пред зградата на Обединетите нации, тој ден не заминала на училиште и седила на клупа пред зградата. Нејзиниот протест започнал бидејќи сакала да солидаризира со Грета и нејзината борба во Европа. Виласењор е исто така вклучена во US Youth Climate Strike и е основач на Earth Uprising, организација која исто така се бори против климатските промени. За Teen Vogue изјави дека нејзиниот активизам започнал кратко по страшниот пожар во Калифорнија минатата година. Во тој период го посетувала семејството во северна Калифорнија.
# Хевен Колман - 13 години
Мрзеливоста била главниот мотив зошто Хевен Колман влетала во еколошкиот активизам. Изјавила дека инспирација за нејзината борба била лекција која ја учела во 5 одделение за сечењето на шумата. „Бев многу бесна бидејќи го направивме светот толку болен и повредивме многу луѓе. Знаев дека не станува збор само за спасување на мрзеливоста, туку и за спасување на сите организми кои живеат на Земјата“ - рече Колман за Teen Vogue.
# Мартинез - 19 години
Покрај тоа што е директор на организацијата Earth Guardians кој ги собира младите за борба против климатските промени и автор на книгата We Rise, Мартинез е единствениот климатски активист кој го користи својот глас за борба против климатските промени. Делува како хип хоп уметник и како еколог кој го води глобалното движење на младите посветен за заштита на земјата. Сега има 19 години, но својот активизам го препознал на 6 години, говорејќи за климатските промени ширум светот. Дури си доби и награда од тогашниот претседател на САД, Барак Обама и тоа пред 20 години. Иако можеби е најпознат по својата тужба против американската влада. Тогаш (2015 година) тврдел дека сојузната влада не успеала да ги ограничи ефектите од климатските промени. Мартинез во 2020 година ќе може да гласа на претседателските избори, а за Teen Vogue рече дека го поддржи сенаторот Берни Сандерс.
# Џејден Фојтлин - 15 години
Џејден стана една од големите „играчи“ во борбата против климатските промени, а се уште оди во средно училиште. Една е од 21 луѓе, вклучувајќи го и Мартинез кои ја тужат сојузната влада, заедно со својата мајка. Џејден исто така соработувала во протестите против цевоводот во родната Луизијана.