Ја нападнаа дека ги издолжила нозете и ја намалила половината: Дали Сања Вучиќ си поигра во Фотошоп?
Сања Вучиќ се најде на мета на критиките поради фотографиите за кои нејзините следбеници се убедени дека користела „Фотошоп“, а многумина сметаат и дека претерала во тоа.
Сања Вучиќ, пејачката и член на групата „Hurricane“, со својот атрактивен изглед на себе си ја обезбеди титулата на една од најзгодните и најубави пејачки на балканската музичка сцена.
Згодната „Ураганка“ е многу активна на социјалните мрежи и често своите следбеници ги изненадува со фотографии на кои ја истакнува својата фигура, но би можеле да кажеме дека Сања, како и сите жени не е најзадоволна со својот изглед.
Имено, покрај бројните комплименти кои ги добива на сметка на својот изглед, на една од последните фотографии кои ги објави, според мислењето на нејзините обожаватели Сања користела „Фотошоп“, а многумина искоментираа дека претерала во тоа.
На спорната фотографија, нозете на Сања се многу тенки, половината ѝ е многу тесна, додека бојата на нејзиното лице е многу нагласена.
„Зошто се фотошопираш кога си убава и без тоа?“, „Нема птореба за толкава обработка на фотките“, „Сања, зарем и ти подлегна на Фотошоп?“, „Ова навистина не ти беше потребно“, „Колку тенка половина одеднаш и долги нозе“ - се само некои од коментарите под нејзината фотографија.