Ја наследи страста од прабабата: Принцезата Шарлот за Божиќ сака пони
Исто како и кралицата Елизабета, принцезата Шарлот ја разви својата љубов кон коњите па поради тоа од своите родители како божиќен подарок одлучила да побара пони
Принцезата Шарлот, ќерката на принцот Вилијам и Кејт, војвотката од Кембриџ, ја наследи големата страст од својата брабаба кралицата Елизабела, а станува збор за љубовта кон коњите. Според зборовите на изворите блиски до познатиот кралски пар, 4 - годишната принцеза од своите родители како поклон за Божиќ сака токму пони.
Нејзината прабаба од четири години добила пони, но не смеела да го јава додека не наполни 6 години.
Но, нејзиниот татко не е баш сигурен како ќе ја исполни Божиќната желба на Шарлот, бидејќи смета дека неговата ќерка е премлада за сопствено пони. Нејзиниот постар брат, принцот Џорџ е голем љубител на спортовите, па наводно од родителите побарал тенис на маса и нов тениски рекет.