Ја наследила убавината на мајка ѝ: Ќерката на Милан Калиниќ е како ангел, актерот е на големи маки
Ќерката на Милан Калиниќ е вистинска убавица...
Семејството на актерот Милан Калиниќ е негова најголема поддршка во животот. Сопругата Сандра, со која е во љубов две децении, со својата убавина освојува и во петтата деценија, а Милан со гордост истакнува дека тоа му годи.
„Мојата жена има четириесет години, скоро дваесет години сме заедно, а таа е, жаргонски кажано, „топ риба“. Сандра е една од најженствените, „најдамските“, најзгодните белграѓанки. Каде и да се појавиме таа е или најубава или помеѓу трите најпривлечни. Тоа на вистинскиот маж, кој е сигурен во себе, а пред сѐ оној кој ја сака својата жена, може само да го импонира“ - кажа Калиниќ неодамна.
Милан и Сандра, кои веќе скоро две децении пловат во брачните води, се горди родители на две деца, ќерката Теа (13) и синот Вук (10). Дека времето лета со неверојатна брзина, вистински доказ се токму децата. До скоро, девојче, ќерката на Милан стана преубава млада дама.
„Пушта? Митралез? Тенк? Нешто посилно?“ - се пошегува Милан покрај видеото од својата ќерка со желба да покаже дека со сите сили ќе се бори за да ја заштити својата наследничка од бројните додворувачи.