Ја одбиле 10 семејства: Двојка ја посвоила и покрај ХИВ вирусот што го има од раѓање
Семејството треба да биде олицетворение на љубов, почит и доверба.
Па сепак, семејството го прави нешто повеќе, отколку само крвта, а приказната за геј парот и нивните две ќерки, дефинитивно е совршен пример за тоа.
Дамиан и Ариел се првиот геј пар кој се венчал во североисточната провинција на Аргентина, Санта Фе каде што продолжиле да живеат.
Во 2011 година одлучиле да го прошират своето семејство и да станат членови на невладината организација по назив „Acunar Familias“ која помага да се посвојат несаканите деца.
Дамиан и Ариел го посвоиле девојчето Оливја, кое имало помалку од еден месец. Пред тоа ова девојче го одбиле дури 10 семејства, бидејќи е родена со ХИВ.
Димиан и Ариел претходните три месеци ги поминале чекајќи го тој повик. Предвидувањата дека бебето на кое му е дијагностициран овој вирус живее само 10 години, но со напредокот на технологијата и истражувањата денес овие деца можат да живеат и неколку децении, па дури и толку колку што живеат луѓето кои не се заразени. Притоа не значи дека вирусот ќе го пренесат и на други.
„Штом ја видов, почувствував дека таа е дел од мојот живот. Веднаш се поврзавме. Ја држевме во прегратка, и дававме шише со млеко, а таа нас не гледаше со ширум отворени очи и не плачеше“ - вели Ариел.
За среќа, бебето набрзо почнало да прима терапија и истата покажала позитивни резултати. Веднаш почнала да добива и во тежина.
Пред неколку години, родителите добиле добри вести - тестовите покажале дека вирусот повеќе не може да се открие во телото на малата Оливија.
Сега, кога има пет години, Оливија не покажува никакви знаци дека е заболена. Иако и понатаму не постои лек за ХИВ, терапијата значително може да ја намали количината на вирусот во телото, до таа мера што не може да се открие во крвта.
Поради тоа, девојчето повеќе нема да мора да пати од негативното влијание на вирусот, ниту може да го пренесе на некој друг.
Ова семејство во 2015 година добило уште еден член, кога жена која слушнала за приказната на овој пар посакала да ја посвојат и нејзината ќерка, што и направиле. Семејство набрзо и посакало добредојде и на малата Викторија.