Ја повикале да се појави само два дена пред снимањато: Јелена Карлеуша смета дека Благица ќе да биде голема ѕвезда

Ја повикале да се појави само два дена пред снимањато: Јелена Карлеуша смета дека Благица ќе да биде голема ѕвезда

Објавена во: Stars // Музика

Благица Ѕунзуровска сигурно ја паметите доколку го гледавте музичкото натпреварување „Некои нови клинци“. Таа беше победник во втората сезона, а оваа година на 19 години за првпат се појави и претстави во „Ѕвездите Гранд“.

„Збуњена“ од групата негатив и „Горка храброст“ од Марија Шерифовиќ, беа песните со кои се претстави и успеа да освои три гласа. Иако овие три гласа не беа доволни за директно пласирање во следниот круг, продукцијата на чело со Саша Поповиќ веднаш ја пушти понатаму. Причината за брзата одлука ја откри и самиот Саша, кој посочи дека само два / три дена пред снимањето ја побарале да дојде. 

Со оглед на краткото време за подготовка и брзината со која требало да отпатува во Белград, Благица отпеа солидно, ја доби можноста да се појави и во следниот круг, а тогаш не се сомневаме дека ќе има време за да се подготви и да направи вистински бум.

Нејзиниот настап може да го погледнете во продолжение од 1:27:00.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: