Ја прегрнал расплаканата мајка и ѝ дал цврсто ветување: Првата одлука на Вилијам како крал би била само за принцезата Дајана
Принцезата Дајана доживеала многу понижувања во текот на годините кога му била сопруга на принцот Чарлс од Велс. Била омаловажувана, изневерувана, исмевана, запоставена, но едно од најголемите следувало по разводот од Чарлс.
Принцот Чарлс и Дајана се разделиле во декември 1992 година, а официјално се развеле четири години подоцна. Овој развод подразбирал борба околу многу пари и моќ, а најболната точка била титулата на Дајана.
Имено, бидејќи е мајка на наследникот на британскиот трон, Дајана требало да остане Нејзиното кралско височество. Дури и кралицата Елизабета Втора се сложила со тоа, но принцот Чарлс бил немилострден и оваа титула ѝ беше одземена титулата.
Наводно тоа ѝ паднало тешко, а нејзиниот постар син Вилијам ја почувствувал нејзината тага и се обидел да ја утеши. Поранешниот батлер на Дајана, Пол Барел подоцна откри дека младиот принц, тогаш 14-годишно момче, ја тешел својата мајка.
„Ми кажа дека една вечер, кога била тажна поради загубата на титулата, седел покрај неа, ја прегрнал и ѝ кажал: „Не грижи се мамичке. Еден ден, јас ќе ти ја вратам кога ќе станам крај“ - се присети Барел.
Само една година подоцна, Дајана почина, а Вилија продолжува да зборува во чест на својата мајка и постојано го потсетува светот колку таа била посебна и колку му значела.
„Мајка ми и понатаму ми недостасува секој ден, а поминаа 20 години откако умре“ - призна во една прилика Вилијам.
фото: Принтскрин