Ја убедил девојката да се бакне со друг за 250 евра: Набрзо се покајал и направил невидена драма (ВИДЕО)
Чист доказ дека со некои работи не може да си играте...
Денес на социјални мрежи многу се популарни „предизвиците“, а во еден од нив учествуваше една двојка. Едно момче одличило да се согласил неговата девојка да се бакне со друг пред камера и тоа за 250 евра.
Видеото го заобиколи светот. Стана вирално, го имаат погледнато повеќе до 70 милиони луѓе, а главната причина за тоа е исходот кој следувал. Иако се согласило на ова, на момчето воопшто не му се допаднал моментот во кој сфатило дека гледа како усните на неговата девојка допираат други.
Кога каењето испливало на површина, следувал крај на врската.
„Се изненадив кога ги прифати парите. Впрочем, го видовте мојот израз на лицето. Тој тука го имаше последниот збор“ - вели Алехандра и откри дека не останала само без момчето кое во истата секунда го надвладеала љубомората. Поради ова видео, како што вели, останала и без работа.
Работела како секретарка во една компанија, а овој предизвика стигнал и до нејзиниот надреден. Медиумите пренеле дека нејзиниот шеф посочил дека со ова видео го загрозила имиџот на компанијата, но многу корисници посочија дека не се грижат за неа и дека се надеваат дека што побрзо ќе најде работа.
фото: Принтскрин / Инстаграм