Јас сум фантастична, јас сум сакана, јас можам сѐ: Ќерката на Моника Зец повторува охрабрувачки реченици за Денот на жената (ВИДЕО)

Јас сум фантастична, јас сум сакана, јас можам сѐ: Ќерката на Моника Зец повторува охрабрувачки реченици за Денот на жената (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Семејство

Познатата блогерка Моника Зец сподели едно навистина инспиративно видео со кое на сите жени им го честиташе 8-ми Март. Во видеото заедно со нејзината ќеркичка Ема ги поттикнуваат жените да нѐ заборават колку вредат и колку се моќни.

Имено, Моника кажува охрабрувачки реченици, додека малечката Ема повторува по неа. На крајот од видеото мајката ѝ го честита празникот на својата ќерка и ѝ кажува колку ја сака.

„Среќен 8-ми март жени!

Никогаш не си ја заборавајте својата вредност и што сѐ можете, зошто нема нешто што една жена не го може! 

Секоја од нас има капацитет да направи нешто повеќе за себе, за своите деца, за своето општество. Зошто сево ова не е само за нас, ова е и за нив и за сите други жени кои можеби не го имаат тој глас, кои можеби не можат да изговорат што се ги мачи!

Би сакала сите да ве охрабрам да бидете смели за да одите еден чекор понапред за да видите колку животи можете да промените вклучувајќи го и вашиот. Оваа борба на жените не е готова и ќе трае. Но, заедно можеме повеќе, потребни сме си една на друга. Потребни сме им на нив!

Продолжете да бидете храбри, горди, силни и никогаш не се откажувајте!“ - напиша покрај видеото, кое за кратко време стана вирално.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: