Јаваа камила и возеа четирицикли во пустина: Тијана Дапчевиќ со синот Вук во адреналинска авантура (ФОТО)
Уживаат во сѐ што нуди Египет...
Познатата пејачка Тијана Дапчевиќ, велигденските празници реши да ги помине во друштво со својот син единец. Таа и Вук, ги спакуваа куферите и се упатија кон топлите краишта, поточно во Египет.
Од таму, пејачката постојано споделува фотографии и видеа, преку кои покажува колку квалитетно го поминува времето со својот син тинејџер.
Помеѓу морето објави кои ги сподели Тијана, последните фотографии и видеа привлекоа огромно внимание. Имено, таа и Вук, еден ден посветија на вистинското адреналиско уживање во пустиња.
„Денес Вук и јас возевме четирицикли низ пустина, посетивме бедуинско село, јававме камили, си поминавме спектакуларно“ - напиша пејачката покрај фотографиите, од кои може да забележеме дека навистина уживаат во заедничкото време.
фото: Принтскрин / Инстаграм