Јавно ја повика: Која е девојката што му стои најдобро на Филип Пешевски?
Во едно интервју за Хаштаг, младиот пејач Филип Пешевски, кажа дека најважните совети во животот ги добива од својата мајка. Тогаш исто така, кажа дека постои девојка која го има освоено неговото срце, а сега откако ја објави својата нова песна „Ти ми стоиш најдобро“, не остави да размислуваме дали истата е посветена на неа.
За оваа песна музиката ја има напишано самиот тој, додека текстот го препушти на перото на Елвир Мекиќ. Зад аранжманот се потпишува Никола Автовски. Овој пат Филип реши песната ја објави заедно со видео запис, во кој се појавуваат неколку убави девојки. Како сето тоа звучи и изгледа, погледнете во видеото во продолжение.