Јелена Карлеуша е кралица на трансформациите: Од розова коса и трикизна боја на коса до суканици и афро локни
Пејачката Јелена Карлеуша уште од кога се појави на јавната сцена е позната по својата руса коса, а подоцна со задоволство се потпираше на различни трансформации, но на крајот од денот најверна остана на клубот на русокоси.
Дека секогаш е во тренд, а некогаш и чекор напред, Јелена Карлеуша секојдневно не уверува со своите модни комбинации, но и со фризурите и бојата н акоса, со кои не се плаши да експериментира.
Во последно време Јелена ѝ остана верна на долгата и руса коса, а со оглед на тоа дека за ваква фризура е неопходна надоградба, таа често ја менува фризурата.
Имено, Јелена пред неколку години започна со драстичните трансформации, кога е косата во прашање и во чекор со светските ѕвезди ја промени својата коса од руса во тиркизно сина.
Полека ја навикна својата публика на екстравагантните креации и необични фризури како афро локни и кики, пунџи, долги и густи коњски опавчиња... Пред сите нив ја носеше популарната боб фризура, која можеби ѝ стои подобро и од оваа моментално претерано долга коса.
Вистискиот шок следуваше кога дивата се одлучи за долги суканици, но и кога наместо за перика, се одлучи да ја обои косата во розово. Сите нејзини трансформации погледнете ги во продолжение: