Јелена Карлеуша ќе се раздели од ќерките: Откри каде ќе студираат Ника и Атина
Атина и Ника заминуваат од Србија...
Постои нешто што на Јелена Карлеуша ѝ е поважно од кариерата и сè друго на овој свет. Мајчинството. Потполно е посветена на ќерките Атина и Ника, нивното воспитување и образование, и нема сомнеж дека децата ѝ се најголемо богатство и смисла на животот на музичката ѕвезда. Таа тоа го има истакнато повеќе пати. Веќе им ја има испланирано и иднината, барем добар дел, кој се однесува на образованието.
На прашањето дали со сопругот Душко Тошиќ зборува за иднината на децата, пејачката одговори:
„Едно е сигурно, нашите ќерки ќе се школуваат во Лондон или во Америка“.
Значи, кога ќе дојде ред за факултет, Атина и Ника ќе бидат студенти на некој од престижните универзитети во странство.
Пејачката во една прилика опиша и како изгледа еден нејзин ден со децата.
„Станува во 6:30 наутро, тие појадуваат, ги носам на училиште. Кога ќе се вратат, ручаме заедно. Се трудам да ги работам домашните задачи со нив, да се потсетам на она што го правев во училиште и во што бев добра - историја, биологија, англиски, српски. Гледаме филмови, одиме на убави места, патуваме... Тоа е моја улога како мајка.“
фото: Принтскрин / Инстаграм