Јелена Карлеуша покажа како изгледала на 17 години: Си била рамна како даска
Изненади со видеото...
Регионалната ѕвезда Јелена Карлеуша особено бројните обожаватели секојдневно ги „чести“ со разголеми фотографии на кои во прв план ја става својата линија. Освен тоа, оваа 42 - годишна пејачка секогаш јавно зборувала за естетските корекции, признавајќи дека ги зголемувала градите на почетокот на кариерата, а тука се и бројните други „корекции“. Не е тајна ниту дека фотографиите кои пејачката ги споделува на Инстаграм, пред објавувањето малку ги средува, па затоа многумина се изненадија од видеото на кое Јелена покажа како изгледала на 17 години.
Имено, пејачката на Инстаграм сподели видео од почетокот на својата кариера, кое е направено за време на нејзин настап во 1996 година. Руса коса, нејзиниот заштитен знак и тогаш ја имала, а во таа прилика носи високи коњско опавче. Доколку судиме по коментарите, ова издание на пејачката воодушеви многумина.
„Прекрасна тогаш, прекрасна сега“, „кукла беше и остана“, „колку си била убава“, „високо коњско опавче пред Ариана Гранде. Ариана се тресе,“ - се само некои од бројните коментари. Меѓутоа, некои од следбениците на Јелена беа и малку „поостри на јазик“. „Од периодот кога личеше на женска личност“ - ѝ коментираше еден нејзин следбеник, а на друга следбеничка пак за око и „паднаа“ градите на Јелена. „На 17 години си била рамна како даска и секако кратко се ишишала“ - ѝ порача.