Јелена Карлеуша пресече: Еве која од ќерките ѝ е миленичка?
Пред неколку дена една од најпознатите српски пејачки Јелена Карлеуша го прослави својот 42 - ри роденден. По тој повод направи забава како што и доликува само на неа, секако со најблиските пријатели и членовите на семејството.
Оние кои не беа повикани или беа спречени да присуствуваат, ги искористија социјалните мрежи за да и го честитаат роденденот на пејачката. Но, само една порака се издвои од толпата - роденденската честитка од нејзината постара ќерка Атина Тошиќ.
Но, она што се уште се зборува е изјавата на пејачката која ја имаше во врска со нејзината ќерка Ника.
„Ника спие со мама, па така таа чекаше покрај мене, играјќи игри на телефонот и чекајќи да дојде 00:00 за да и го честита прва роденденот на мама. Таа е толку емотивно и прекрасно дете, што навистина сум горда, како на неа, така и на Атина. Но, Ника е миленичка на мама“ - рече Карлеуша, откривајќи дека помалата ќерка е нејзина миленичка.