Јелена Спенџарска: Верувајте во себе и во својата интуиција

Јелена Спенџарска: Верувајте во себе и во својата интуиција

Објавена во: Moj стил, Интервјуа

Таа е една од најпозитивните личности што се појавува на малите екрани. Постојано е насмеана, комуникативна, срдечна и темпераментна. Јелена за Hashtag.mk откри дека ужива во она што го работи, сака комуникативни соговорници, обожава да трча, не може без мобилниот телефон, а личност на која најмногу ѝ се восхитува е нејзиниот татко.

Во продолжение прочитајте што ве советува Јелена за модата, за животот на телевизија, за семејството и за тоа колку Инстаграмот како социјалана мрежа може да го промени животот...

Многу од тинејџерите сонуваат за животот на телевизија. Тебе постојано те гледаме на малите екрани, па ќе им откриеш ли на оние кои сакаат да бидат дел од оваа професија кои се предностите, а кои недостатоците на животот пред камери?

-Многу пати сум зборувала на оваа тема и секогаш се сведувам на едно - треба да го работиш она што го сакаш. Многу ама многу е важно работата да те исполнува. Животот е многу повеќе од тоа само да работиш нешто во кое не се пронаоѓаш само затоа што ти носи сигурен приход. Отсекогаш сум била против оние познати муабети кај нас – ајде, доста се жалиш, има и полошо. Има, не викам не, но не баш секаде. И да престанеме веќе со тоа дека мора да трпиме. Ако верувате дека можете многу повеќе и вашиот потенцијал не може да дојде до израз- променете ги работите, не чекајте. Предности и недостатоци секаде има, има и кај мене. Но затоа сфатив дека е време да почнам да експериментирам и да се испробам и во други работи во кои мислам дека сум добра. Така чекор по чекор многу подобро се запознав себе си и сфатив дека луѓето кои немаат искуство пред камера никогаш целосно нема да можат да го сфатат притисокот со кој секојдневно се соочуваш но и дека тоа е поптполно НЕВАЖНО! Важно е само да си веруваш на себе и својата интуиција и да да ги држиш цврсто до себе личностите кои исто така веруваат во тебе.

# Си размислила ли некогаш да се занимавш со нешто друго освен со водителството?

-Би сакала да работам нешто поврзано со модата. Многу ме интересира целиот тој свет на материјали, бои и дезени и мислам дека би била одлична во тоа. Сакам да правам несекојдневни комбинации, не ми треба многу за да сфатам на кој – што би му стоело. Исто, сфатив дека сум добра и во продажба. Така што , ако наскоро сменам професија, тоа ќе биде нешто многу поразлично од она на што сте навикнати да ме гледате досега.

# Долги години работиш емисија во живо, постојано е турболентно и се случуваат многу незгоди, би споделила ли некоја од нив?

-Незгоди има колку сакате. Ако нешто сфатив сите овие години, тоа е дека луѓето многу сакаат да си зборуваат за своите проблеми на телевизија. За мене најголемата незгода која може да ми се случи е, без конкуренција, некомуникативен соговорник каде ДА и НЕ се единствените одговори. А, ти гледаш во часовникот, имаш уште 20 мин разговор, и уште две-три прашања. Верувајте, нема полошо, не си ни до пола емисија, а енергијата ти е веќе на минимум. Реклами,ќе ве молам.

Постојано си средена и дотерана од глава до пети колку време поминуваш пред огледало?

-10-15 мин ми се доволни за да средам. Обично секогаш знам што ќе облечам (замисли), не сакам многу да се шминкам, така да многу сум едноставна по ова прашање.

# Моментално си една од најактвните млади девојки на социјалните мрежи, колку време од денот поминуваш на Интернет?

-Лелеее многу .Навистина многу. Но, среќна што од моја перспектива можам да кажам дека мене социјалните мрежи, посебно Инстаграм, ми е место каде што стекнав многу убави пријателства и уште поубави искутва. Кога почнав со Инстаграм не ни верував колку оваа апликација ќе ми го промени животот. Зборувам во однос на тоа колку убави работи ми се случија последните две години. Дури на моменти не можам да си поверувам колку поддршка добивам од многу жени и девојки кои секојдневно се пронаоѓаат во нешко кое го објавувам. Јас сум тука за нив, тие за мене. Градиме позитивен однос кон себе и кон светот секој ден. Како едно големо семејство. Се трудам многу да останам различна, да негувам свој стил, сакам спонтани моменти, сакам да ги објавувам пријателите кога се неподготвени за Инаста, иако често ми се лутат поради тоа, сакам да зборувам на сторињата зашто мислам дека така најлесно се доловува нечија енергија кога сака да пренесе нешто и давам се од себе да останам позитивна.


# Најлуд коментар што си го добила на социјалните мрежи?

-Ах, ги има многу. Буквално, таму има сè и сешто и морам да признаам дека јас мноооогу ретко, скоро никогаш не враќам на личности кои не ги познавам. Да бидам појасна, има различни ситуации, да речеме ме контактираат многу луѓе за гостување во емисија или да ми дадат идеја за некој гостин, да ме прашаат или искоментираат нешто поврзано со некое стори кое сум го објавила, тогаш враќам секогаш, но има и такви луѓе кои буквално мислам дека имаат многу слободно време и си земаат за право да пишуваат што ќе им текне колку да бидат интересни. Па, ако не им вратиш на седумнаесеттата порака и мана ќе ти најдат дека не си дружељубива. Едноставно мојата енергија која ја вложувам на социјалните мрежи е многу повеќе од вртење празни муабети.

# Постои ли парче облека во твојот гареробер што не можеш да го фрлиш со години?

-Хахахахха се изнасмеав на прашањето од причина што јас никогаш ништо не фрлам. Јас ќе купам нов плакар, но од гардеробата не се делам. Имам парчиња што ми стојат со месеци дури и со етикети, но нека стојат , да ми бидат пред очи, еден ден ќе им ја најдам вистинската прилика.Хахахха, знам дека звучи, но тоа е вистината. Јас и мојата гардероба сме во страшно добра љубовна врска.

# Гледаме дека постојано си физички активна, колку пати во неделата трчаш?

-Трчав 4-5 пати неделно, ама сега откако залади едвај и по двапати излегувам на кеј и многуу, ама многу ми е тешко што е таква ситуацијата. Едноставно јас сум девојка која не се пронајде во теретана и вежбањето таму ми е некако напорно. На кеј сум слободна, се загревам си пуштам музика и буквално летам. Додека не паднал првиот снег, ќе бидам повеќе активна. Не сум спремна емотивно да се разделам од кејот. И умот но и телото го сакаат премногу.

# Без што не излегуваш од дома?

-Без мобилен . Еднаш го заборавив, само еднаш и сфатив колку ми недостига и колку мојот живот е различен со мобилен и без него.

# Патики или високи потпетици?

-Да ме прашавте ова пред две години без размислување би кажала високи потпетици, но во последно време малку ми се промени стилот и да ви кажам искрено откако ќе си смислам комбинација прво прашање ми е ќе одговара ли ова со патики? А, кога веќе бирам потпетици, почнав да одбегнувам тенка штикла. Некако комоцијата ми е најважна.

# Балзам за усни или кармин? -Милион пати кармин. Ги имам во апсолутно секоја боја, не се штедам за добар кармин и скоро никогаш не можете да ме видите без кармин.Посебно црвената боја, мислам дека ми го менува личниот опис.

# Фармерки или тренерки?

-Дефинитивно фармерки. Да ме прашавте фармерки или хеланки, немаше да можам да се одлучам, ама тренерка дефинитивно не е за мене.

# Позната личност на која ѝ се восхитуваш?

- Јас сум тип на човек што функционира на периоди. Да речеме позната двојка на која и се восхитував беа принцот Хари и неговата сопруга Меган. Тоа беше периодот кога се земаа. Абе толку многу се опседнав со нив што постојано ги следев на Инстаграм, гледав кај се, што прават, што си кажале на денот на свадбата, па што кажал нивниот говот на телото... се опседнав ептен. И секое чудо за три дена. Толку. Сега имам нов омилен пар- Џастин и Хејли. Секој ден ги гледам на Инста како се облечени, каде одат... толку се радувам за нив мислиш роднини ми се хахаххах. Но и тоа ќе ми заврши. Ако морам да изберам една личност на која и се восхитувам, ќе кажам дека тоа е татко ми. Иако рековте дека треба да биде позната личност, тој за мене е најпознатата личност на светот и само моето срце знае колку ми е важен и колку многу направил за мене. Јас многу го почитувам своето семејство и би сакала да и порачам на сите ваши читатели да го прават истотото зашто верувајте, само семејството ви е тука кога ќе поминувате низ тежок период. Никој нема да ве сака и поддржува повеќе од нив. Колку и да им се лутите понекогаш, и да мислите дека не се во право за некои одлуки, сепак тоа е вашето семејство и тие ви секогаш ви го посакуваат најдоброто. Јас и ден денес се чудам како моите родители знаеја која ми е добра другарка ,а која не уште пред јас самата да го сфатам тоа.

Фото: Мартин Кангалов

Б.М.

Објавена во: Moj стил, Интервјуа

Можеби ќе ве интересира: