Јутјберка ги прелажа сите дека е на Бали: Каде навистина беше?

Јутјберка ги прелажа сите дека е на Бали: Каде навистина беше?

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Нејзините следбеници не се ни посомневаа дека мами!

Сакала да покаже колку е лесно денес да се лаже со помош на социјалните мрежи и успеа во тоа. За да го покажеш својот живот дека е поинтересен се што ти треба е фотоапарат и малку креативност.

Денес ситуацијата е таква што сите сакаат да прикажуваат што повеќе интересни работи на социјалните мрежи. Некои поради тоа одат чекор напред и лажираат патувања, тренди дружби и слично. Но, колку е лесно да ги прелажеш луѓето со помош на Инстаграм? Јутјуберката Наталиа Тејлор одлучи да го провери тоа. Одбра дестинација на која ќе „замине“ на одмор - егзотичните Бали. Во реалноста, едиствено место каде што заминала е ИДЕА која се наоѓа во нејзиниот кварт. Се подготвила, облекла ново фустанче, за кое на следбениците во едно видео им споменала дека го купила за следното патување, земала фотограф со себе и се прошетала до продавницата. На неколку локации во истата се фотографирала - луѓето ја гледале малку чудно, но за среќа никој не ја исфрлил.

Сите ги објавила на Инстаграм, а сите нејзини 313.000 следбеници биле воодушевени од фотографиите и немало ни едно обвинување дека мами.

Дури оставила и некои детали на фотографиите кои би можеле да ја откријат - натписите од мебелот во ИКЕА, етикетите во позадина... По серијата фотографии на Инстаграм, Инста сториња кои за оваа прилика ги „позајмила“ од други луѓе кои навистина биле на Бали, а потоа сподели и видео кое го објаснува и покажува целиот процес.


Со ова „удри“ по инфлуенсерите кои веќе биле фатени во лаги и фотошопирање на локации на кои во реалноста никогаш не биле. 

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: