Јутјуб потврди: Новата песна „Опасно“ на Марија Спасовска е во најслушаните песни во Македонија во моментов! (ВИДЕО)

Јутјуб потврди: Новата песна „Опасно“ на Марија Спасовска е во најслушаните песни во Македонија во моментов! (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Додека поголемиот дел од македонската музичка естрада „спие“, младата Марија Спасовска напорно работи и еве, за кратко време објави уште една нова песна. 

„Опасно“ е насловот на новата нумера која за неполни два дена се најде на трендинг на Јутјуб со преку 30.000 прегледи, што е одлична бројка за толку кратко време. 

Како и за претходните песни, така и на оваа автор на музиката и текстот е токму Марија, додека пак аранжманот е дело на Ивајо.

Марија и нејзиниот тим снимија и интересен видеоспот, кои го изработија момците од „Урбан рекордс“, во кој покрај неа се појавуваат уште десетина други статисти... 

Да не должиме многу, слушнете, погледнете и уживајте:


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: