Јутјуберката Ема Чембрлен ја покажа својата куќа: Многумина се согласуваат дека тоа е најубавата куќа на некоја позната личност (ВИДЕО)
Куќа во која секој со задоволство би живеел...
Обично куќите на познатите изгледаат стерилно, преобично и сите се исти. Но, не и на Ема. Младата јутјуберка навистина се потрудила околу уредувањето на својот дом и луѓето во коментари не можат да престанат да ја фалат.
Замисли кога ќе наполниш 21 година да имаш можност да си купиш сопствена куќа! Звучи невозможно. Сигурно така и звучело и на Ема, но со помош на Јутјубот направи кариера и денес, иако е толку млада може да си купи дом и тоа во Лос Анџелес! Минатата година ја купи, а дури досега ја реновираше и уредуваше.
Секако, со помош на дизајнери, но и таа самата учествувала, бидејќи од авион се гледа дека куќата има карактер. Во својот дом го пушти познатиот магазин „Architectural Digest“ да сними видео од нејзината нова куќа. И куќата е прекрасна! Најубавата куќа во сопствеништво на некоја позната личност која некогаш сме ја виделе. Тоа е нешто со што се сложуваат многу луѓе во коментарите под видеото.
Како што кажа во текот на прикажувањето на куќата, со оглед на тоа дека работи од дома, сакала куќата да ѝ биде удобна. Не ги следала правилата и се држела само до една естетика. Се гледа дека станува збор за куќа на помлада личност, бидејќи има „кул“ работи кои тешко дека ќе се видат кај било кој, како столчиња од пченка или големо розово огледало.
Не се случува често, но ова е едно од оние видеа под кои нема негативни коментари. Не затоа што ги бришат, туку затоа што никој нема замерки. Куќата изгледа по мерка на една млада личност! За некои тоа е најубавата куќа која некогаш ја видиле. Многумина се согласуваат и дека поголемиот број познати личности имаат големи куќи кои се тука само за да изгледаат луксузно, но немаат душа, она нешто, за разлика од куќата на Ема, која е многу шармантна, иако е луксузна. Мораме да се сложиме со тоа!
фото: Принтскрин / Инстаграм