Јутјуберките Анѓела и Наѓа по преживеаниот „кошмар“: Помош побаравме кај психолог
Во следниот период ќе им се обрати и нивната мајка на следбениците и ќе одговара на поставените прашања...
Јутјуберките Анѓела и Наѓа Ѓорѓевиќ со мајка им се отселија од семејниот дом, а поради овој потег нивниот татко им ги скрати сите бенефиции кои ги имале.
Со денови наназад се зборува за Зоран Ѓорѓевиќ, таткото на јутјуберките, кои заедно со мајка им решија да го напуштат, поради што тој поднесе барање за развод на бракот, а на ќерките им порача дека до крајот на месецот имаат рок да ги изнесат сите работи од семејниот дом, бидејќи повеќе немаат право на него.
Анѓела и Наѓа се огласија преку својот канал на Јутјуб и им покажаа на обожавателите дека со мајка им, работат на преуредување на станот, а дека навистина тешко им паднала новонастанатата ситуација, говори и фактот дека јутјуберките побарале помош од психолог.
„Јас почнав да одам на терапија кај психолог, бидејќи е тежок период зад нас и потребно ми е да зборувам со некој за тоа. Тоа не е срамотно, веднаш да ви кажеме. Не би сакале да изнесуваме детали за тоа што навистина се случи помеѓу нас и нашиот татко, не треба ние да зборуваме за тоа, но ѝ дадовме поддршка на нашата мајка, на која ѝ беше потребна во тој момент“ - започна Анѓела, а потоа откри и каде се преселиле, бидејќи живеат на релација Ница - Србија:
„Не сме ни во Србија, ни во Ница, се преселивме. Одлучивме да бидеме поблиску до училиштето на Наѓа, па се преселивме на Азурниот брег“.
Анѓела и Наѓа открија дкеа во едно од следните виде,а нивната мајка ќе им се обрати на следбениците и ќе одговара на поставените прашања.
фото: Принтскрин / Јутјуб