Јутјуберот објави шокантни фотографии од своето лице: Дали Бака Прасе е претепан?

Јутјуберот објави шокантни фотографии од своето лице: Дали Бака Прасе е претепан?

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Нема сомнеж дека јутјуберот наскоро ќе објасни што навистина му се случило...

Контроверзниот jутјубер, Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, ги загрижи своите бројни следбеници со новиte фотографии на социјалните мрежи на кои редовно е активен.

Имено, Бака објави фотографии на кои се гледа дека има оток под окото, а многумина се прашуваа дали добил инфекција на окото, или можеби бил претепан. Она што е очигледно е дека нешто не е во ред со неговото око, и дека едното е помало од другото.

Тој дури го постави прашањето „што е со окото“, заедно со една од фотографиите, а дополнително ги збуни фановите кога напиша „Умирам, ви се колнам“. 

Нема сомнеж дека јутјуберот наскоро ќе објасни што навистина му се случило, а тој самиот во неколку наврати истакна дека нешто се случувало со неговата кожа по коронавирусот со кој неодамна се заразија тој и неговата девојка Ања.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: