Јутјуберот повторно ќе одговара пред законот: Поднесена е кривична пријава против Бака Прасе

Јутјуберот повторно ќе одговара пред законот: Поднесена е кривична пријава против Бака Прасе

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Јутјуберот е обвинет дека извршил обљуба над малолетничка 

Иако јавноста мислеше дека судот го заборавил обвинението дека Богдан Илиќ или попознат како Бака Прасе извршил обљуба над малолетничка, тоа не се случи.

Како што пишуваат српските медиуми, поднесена е кривична пријава против Бака Прасе.

Министерството за внатрешни работи го извести Заштитникот на граѓаните дека Управата за криминалистичка полиција поднела кривична пријава против јутјуберот Б.И. попознат како Бака Прасе, поради, како што се сомнева, незаконски сексуални активности со малолетничка, беше објавено од канцеларијата на Заштитникот.

Министерството за внатрешни работи му испратил одговор на Заштитникот во рамките на постапката што тој ја започна по сопствена иницијатива, откако дозна од медиумите за наводните незаконски сексуални дејствија на спонатиот јутјубер.

Службениците од Управата за криминалистичка полиција извршиле соодветни проверки и утврдиле дека на 7 и 8 јули, преку електронска пошта биле примени две пријави за граѓаните, во кои било посочено видео запис од платформата Јутјуб, во кое Б.И. објавува содржини од комуникацијата остварена преку социјалната мрежа Инстаграм со малолетни лица, како и дека имал сексуални односи со една малолетничка.

Овие пријави на граѓаните, заедно со архивираното контроверзно видео од Јутјуб, беа доставени до Специјалното одделение за борба против високотехнолошкиот криминал на Вишото јавно обвинителство во Белград, наведе Министерството за внатрешни работи во одговорот до Заштитникот на граѓаните.

Заштитникот на граѓаните потсетува дека добил информација од медиумите за наводните незаконски сексуални дејствија на Б.И. со малолетничка, како и признанието во медиумите дека извршил наводен сексуален однос со дете, како и мизогинистичкиот говор на Б.И. упатен до жените.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: