Каде ма со две различни чевли? Или Парис Хилтон згрешила или има голема самодоверба

Каде ма со две различни чевли? Или Парис Хилтон згрешила или има голема самодоверба

Објавена во: Мода // Moj стил

Парис Хилтон оваа недела гостуваше во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, а нејзиното појавување стана хит откако русокосата влезе во студиото со две различни чевли.

Видеото на кое се гледа како Парис носи две различни чевли беше објавено и на официјалната страница на шоуто на Инстаграм. Во описот на видеото пишува „Кога ќе истрчате од дома со погрешни чевли“, а на таа објава реагираше и Парис која коментираше со смајли кои плаче од смеење.

Нејзиниот коментар собра над 6.000 лајкови, но самата објава имаше многу коментари, а ова се некои од нив.


„Ова ќе биде нов тренд“, „Сигурен сум дека ова не беше случајност, но ако е така, нејзината самодоверба е сè“, „Кога не можете да одлучите кои чевли ви се допаѓаат најдобро“, „Сè ѝ одговара“, „Нејзиниот стилист“ сигурно ќе добие отказ“, „Каде ма со две различни чевли„, „брилијантна е Парис „...

Откако сфатила дека носи две различни чевли, Парис за време на рекламата го облекла соодветниот пар чевли.

И што мислите, дали е ова грешка или не?

Фото: Инстаграм

Извор: Жена блиц

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: