Каде почнува инфекцијата на коронавирус во телото: Научниците прецизно го идентификуваа местото во носот
Меѓународниот тим на научници ги идентификуваше два специфични видови на носни клетни, како веројатни појдовни точки на инфекцијата коронавирус.
Тоа откритие е објавено во весникот Nature Medicine, го отвара патот за развој на лекови кои би можеле да го намалат ширењето на вирусот. Исто така, во весникот е објавено и истражувањето на американските научници од Харвард и Massachusetts Institute Technology (MIT) кои откриваат кои клетки во белите дробови и цревата се најчувствителни на новиот вирус.
Кога во јануари го изолираа вирусот САРС-КОВ-2 како причина за болеста Ковид - 19, научниците дознаа дека короноварусот користи свој протеин С (sprike) за да се врзува за клеточните рецептори во нашите тела. Во својата пенетрација во ќелијата, вирусот се потпира на рецепторот ACE2 и на протеазата TMPRSS2. Но, досега не е јасно кои клетки биле први заразени.
За да откријат кои клетки се први на удар, научниците анализирале податоци од конзорциумот „Human Cell Atlas“ (HCA) на 20 различни ткива и органи, вклучувајќи ги белите дробови, носот, окото, цревата, бубрезите и црниот дроб.
„Откривме дека рецепторот ACE2 и на протеазата TMPRSS2, кои можат да го активираат влезот на вирусот во келиите на различни органи, вклучувајќи ги и келиите во внатрешната слузница на носот. Така откривме дека гатричните и цилијарните клетки што произведуваат слуз имаат највисоко ниво на рецепторот ACE2 и на протеазата TMPRSS2, од сите клетки на дишните патишта.
Ова прави набројаните клетки најверојатно да бидат почетниот пат на инфекцијата коронавирус - изјави за Science Daily авторот на истражувањето д-р Ворадон Сунганк од Институтот Целкомес Сангер.
„Ова е првпат одредени келии во носот да се поврзани со Ковид - 19. Положбата на овие клетки на површината на носот ги прави многу достапни на вируси, може да помогне и во пренесувањето на други луѓе“ - рече коавторот на студијата д-р Мартин Навин од универзитетот Гронинген.