Кај нас на никој не би му паднало на памет да излезе во ова: Хејли Бибер го направи најголемиот моден неуспех оваа есен

Кај нас на никој не би му паднало на памет да излезе во ова: Хејли Бибер го направи најголемиот моден неуспех оваа есен

Објавена во: Мода // Moj стил

Моделот и сопругата на пејачот Џастин Бибер е една од најпопуларните трендсетерки во изминатите години, но не секоја нејзина варијанта на облека е целосен успех.

Супермоделот Хејли Бибер е омилена убавица на многу дизајнери и секоја нејзина облека веднаш привлекува големо внимание и доминира на социјалните мрежи. Дури и секојдневниот стил на познатиот модел е секогаш интересен и може да се најде како главна вест на модните портали, но последното нејзино издание не ги воодушеви модните познавачи овие денови.

Имено, Хејли беше видена за време на прошетка низ Лос Анџелес во црна варијанта на облека - во хеланки, краток топ и кожна јакна, кои би можеле да се сметаат за вистински хит доколку не додадеше бели чорапи и влечки!

Хејли се одлучи за обични бели спортски чорапи и удобни гумени влечки со два ремени, додека одеше лежерно носејќи го кафето.

Некои познати личности со години се обидуваат да ја популаризираат комбинацијата на чорапи и отворени летни чевли, а во оваа комбинација веќе ги видовме Џиџи Хадид, Адријана Лима, Ријана и Мајли Сајрус. Ова на нашите простори, обично е синоним за целосен недостаток на вкус, но бидејќи повеќето трендови доаѓаат од запад, не би се изненадиле наскоро да видиме некоја од нашите sвезди стилизирана како Хејли.

фото:PROFIMEDIA
извор:GLOSSY

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: