Кајли Џенер ја покажа колекцијата на патики на Сторми: Колку чинат најскапите?
Малата Сторми има завидна колекција...
Малата Сторми, ќерка на најмладата милијардерка Кајли Џенер и раперот Тревис Скот, добива скоро сè што ќе посака. Таа неодамна имаше роденденска забава за паметење, каде уживаше и во слатките и во тобоганот што беше дизајниран во форма на нејзиниот лик.
Она што е познато е дека малата Сторми има завидна колекција чевли, што нејзината мајка го покажа на Инстаграм. И тие чевли чинат навистина многу.
Според Daily Mail, најскапи патики се Air Jordan 6 Retro GS Gatorade, чија цена е 220 долари. Потоа, тука се патиките од Starfish од 157 долари.
Малата Сторми има можност да носи и патики Air Jordan и Rubber Dunk x Off-White од 173 долари.