Кајли Џенер ја потврди веста за бременоста: Објави емотивно видео со ултразвук
Манекенката Кајли Џенер синоќа на Инстаграм ја објави веста за нејзината втора
бременост. Во видеото од 90 секунди, младата 24-годишна претприемачка вели дека
очекува бебе со своето момче, раперот Тревис Скот. Двојката веќе ја има
тригодишната ќерка Сторми Вебстер.
Џенер е основач на линијата за убавина „Kylie Cosmetics“, која е во мнозинска сопственост на производителот на козметика „Coty Inc.“ Видеото започнува со позитивен тест за бременост, а потоа се гледа како Кајли и нејзиното момче одат на гинеколог на ултразвук.
Следните сцени го прикажуваат роденденот на младата манекенка, а потоа и ќерката Сторми која го бакнува стомакот на мајка си.
„Бремена си?“, прашува мајка ѝ, Крис Џенер, во видеото, гледајќи ги снимките од ултразвук и додавајќи дека ова е еден од најсреќните денови во нејзиниот живот.
Американските медиуми пишуваа за наводната бременост уште во август оваа година, но првата потврдена вест пристигна дури синоќа.
Кајли Џенер ја следат 265 милиони луѓе на Инстаграм, а видеото го погледнаа повеќе од 50 милиони луѓе за осум часа.
Фото и Видео: Инстаграм/ Кајли Џенер